Компанијата Галеника во сабота во Градскиот паркво Скопје од 12 часот организира забава за деца „Здраво Есен“. Два часа исполнети со забавни активности, музика и многу награди ве чекаат на Школка во парк за да го прославиме почетокот на есента.
За најмладите Галеника организираше мини ликовна колонија каде дечињата ќе редат колажи или ќе го цртаат „Здравко – здрав како лав“, додека оние со спортски дух ги очекува ракометен гол, каде Здравко ќесе обиде да ги запре ударите со топка од младите ракометни таленти.
Македонскиот шампион во решавање Рубикова коцка Ристо Чешмеџиевски ќе открие тајни како полесно и побрзо да ги подредите боите на магичната коцка.
За оние кои сакаат да споделат убави фотографии и видеа на социјалните мрежи има специјални изненадувања.
За добро расположение од 12 часот концертот стартува со музичкиот избор на DJ Mats, кому ќе му се придружи и младиот пејач Пајак од Охрид.
Од 13 часот забавата ќе продолжи со Антониа Гиговска и нејзиниот бенд.
Ваша Галеника ве очекува да се дружиме и забавуваме. Посветени на луѓето, верни на здравјето.