Во 2012-та година популарните актери Милан Мариќ и Милош Тимотијевиќ, кои важат за најпосакувани на сцената, го снимија краткиот филм „Neradnik“ во режија на Никола Љуца, во кој водат љубов голи.
Овој клип заврши на сајт за возрасни во категоријата „геј“, а Мариќ вели дека тоа не му пречи.
-Малку е морбидно видеото да се појави на веб страници за возрасни, но што има да ми пречи?! Јас и Милош се запознавме тогаш и тоа беше нашата прва соработка. Бевме малку нервозни додека го снимавме, но на крајот се помина одлично. Тие сцени се многу специфични, но тоа е дел од нашата работа и се направивме како професионалци, изјави Мариќ, пренесува „Информер”.