Помошникот селектор на Белгија, Тјери Анри, ќе го предводи националниот тим на дуелот против Холандија во Лигата на нации, бидејќи шефот на стручниот штаб Роберто Мартинес е суспендиран, соопшти попладнево Фудбалската федерација на Белгија.
За поранешниот фудбалер на Арсенал и француски репрезентативец тоа ќе биде дебитантски натпревар на клупата на Белгија.
Мартинес беше исклучен во судиското продолжение на вчерашниот натпревар во Брисел меѓу Белгија и Велс (2-1).
Холандија и Белгија ќе играат в недела во Амстердам во рамки на последното коло во групата 4 во А – Дивизијата во Лигата на нации, а на белгискиот состав ќе му биде потребна победа со повеќе од три голови разлика за пласман на завршниот турнир.