Младиот дефанзивец на Динамо Загебац, Јосип Шутало е на мета на клубови од најсилните европски лиги, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
Лајпциг покажа интерес за 22. годишниот Шутало, кој е висок 190 сантиметри.
Романо наведува дека во трката за новопечениот хрватски репрезентативец има уште најмалку три клуба, меѓу кои и клубови од Англија и Шпанија.
Шутало е роден во Чапљина (БиХ), а ги помина сите младински категории на Динамо и на хрватската репрезентација.