Унгарија и Италија в понеделник ќе играат меѓусебе во Будимпешта во последното 6. коло од групата за првото место и пласман на финалниот турнир од фудбалската Лига на нации. Ова е епилогот по денешните дуели од 5. коло во А дивизијата, во кое Унгарија приреди уште едно големо изненадување во Лајпциг каде ја совлада Германија (1:0), а Италија со истиот резултат на „Сан Сиро“ против Англија (1:0) се избори во последниот меч да се бори за првата позиција во групата.
По ждрепката за составот на групите во Лигата на нации, Унгарија важаше за аутсајдер во конкуренција на поранешните светски прваци Италија, Германија и Англија. Пет кола подоцна Унгарија е лидер во групата, а Англија е патник во Б дивизијата за новото издание од Лигата на нации.