Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година без проблеми ја победи соодветната селекција на Албанија со 3:1 на турнирот кој се одржува во Свети Мартин на Мура во Хрватска.
Македонија поведе во деветтата минута, а Албанија брзо израмни на 1:1 со погодок во 17. минута.
Берат Калкан погоди за предност на „црвено-жолтите“, а Албанија израмни преку Шпенди. Избраниците на македонскит селектор Драги Канатларовски – Цапар со два брзи гола во 48 и 56 минута што ги постигнаа Марко Илиевски и Лука Станковски го решија прашањето на победникот.
Следен противник на македонските надежи на турнирот в понеделник е репрезентацијата на Саудиска Арабија.