Во ракометната Премиер лига на Босна и Херцеговина се одигра 3.коло, а еден од натпреварите заврши со физичка пресметка на паркетот.
Станува збор за дуелот меѓу Босна и Грачаница во Високо, на кој гостите во последната секунда го постигнаа победничкиот гол за конечни 30:31.
По натпреварот полн со тензии, дојде до жестоко славје на гостинските играчи, што баш и не им се допадна на домашните играчи и навивачи. Дел од локалните гледачи влегоа на теренот, им се придружија и некои локални играчи.
„Паднаа“ неколку тупаници меѓу самите играчи, а домашен гледач се појави на теренот како делител на правдата и удри двајца гостински ракометари Аднан Туфекчиќ и голманот Дејан Бижиќ.
Тој „навивач“ по завршената работа се врати на трибината, а во целата ситуација целосно потфрли и безбедносната служба која требаше да се грижи за редот во салата во Високо.
Видеото може да го видите тука