Тимот на Светот го освои тенискиот Лејвер Куп откако вечерва Франсес Тиафо со победата во три сета против Стефанос Циципас му донесе на својот тим недостижни 13:8 во поени.
Американецот спаси четири меч топки во вториот сет за да дојде до победа од 1:6, 7:6 (13:11) и 10:8.
Интересно ова е прва победа на тимот на Светот против Европа откако се игра Лејвер Купот од 2017 година наваму со исклучок на 2020 кога не се одржа поради пандемијата.