Норвешка и Србија вечерва во Ослов, во рамките од последното коло во групата 4 во Б-дивизијата во фудбалската Лига на нации на УЕФА ќе играат меч за првото место и пласман во најдобрата дивизија од новото натпреаврување. Норвешка ја доби првата пресметка во Белград (0:1). Во пресрет на реваншот двете селекции имаат ист број на бодови, по десет, но предноста е на страната на Норвешка која е подбра во меѓусебниот скор. На Србија и е потреба победа за да го освои првото место и да им се придружи на најдобрите селекции во А диивизијата во новата сезона од ова натпреварување.
Во пресрет на вечерашниот дуел селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси имаше свое шоу на пресот. Запрашан дали има рецепт за норвешкиот гол-мајстор Ерлинг Халанд, Пикси оговори…
-Јас не сум готвач да имам рецепт за Халанд…
А на прашањето кој е подобар Александар Митровиќ или Ерлинг Халанд, популарниот Пикси возврати:
-Двајцата се одлични играчи и дека неблагодарно е да се прави споредба. Но, за него Митровиќ е Александар Велики.