Ракометната федерација на Македонија ја исплати ветената премија од 700.000 денари за машката кадетска репрезентација која минатото лето на ЕХФ шампионатот во Рига го освои златниот медал.
Претседателот Живко Мукаетов ја најави оваа награда веднаш по големиот успех на македонските надежи, предлог кој потоа беше прифатен од Управниот одбор на федерација.
Со овој резултат македонските ракометни надежи обезбедија пласман на ЕП (2024) и СП (2023).