Германскиот фудбалски репрезентативец Томас Милер го посочи тимот на европскиот клупски првак Реал Мадрид како пример за „панцерите“ пред Светското првенство во 2022 година. Играчот од средниот ред на Баерн ги сподели своите размислувања по натпреварот помеѓу Германија и Англија (3:3) во Лигата на нации А-сегмент.
– Ние сме во добра позиција пред Светското првенство и даваме се од себе. Да видиме какви ќе бидат резултатите. Само да кажеме дека Реал Мадрид секогаш ќе биде нашата главна референтна точка. Сум работел со многу тренери, вклучувајќи го и Карло Анчелоти, кој освои најмногу на меѓународната сцена. Кога нешто не ви оди, треба да се обидете повторно, додека ја одржувате самодовербата. Некој можеше да го исклучи телевизорот во 67. минута (во овој момент Германија водеше со 2:0) и да си легне со еуфорија пред Светското првенство. Но, треба да запомните – се вративме по три примени гола. Ако се погледне од страна на психологијата, тогаш ситуацијата е вака: водите со 2:0, ја губите оваа предност, но сепак го правите резултатот 3:3. И тоа е на „Вембли”. Остава добро чувство. Но, впечатоците што останаа по овој натпревар не влијаат на тоа како ќе го одиграме првиот натпревар на Светското првенство, изјави Милер.
Германија во Групата-3 заврши на 3.место со една победа, четири нерешени натпревари и еден пораз.