Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Златан Арнаутовиќ, почина на 68-годишна возраст по долга борба со тешката болест.
Тој почина во семејниот стан во Загреб. Арнаутовиќ беше член на познатата шампионска генерација на Динамо од 1982 година, пренесува 24сата.хр.
Арнаутовиќ е роден во 1954 година на Бихаќ, а во Динамо пристигна во 1981 година од „Борац“ Бања Лука.
Го освои првенството на Југославија во 1982 година, а една година подоцна и Купот.
По три години минати во Динамо, тој се преселил во Бешикташ, каде не се задржа долго и се вратил во Загреб и ја завршил професионалната кариера во 1985 година.
Беше многу важен одбранбен играч на трофејната генерација од Максимир и еден од милениците на легендарниот тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ поради неговата голема борбеност на теренот.
По професионалната кариера, тој редовно настапуваше за ветераните на Динамо.