Португалија не се пласира завршниот турнир од фудбалската Лига на нации, откако во последното коло од групата 2 во А-дивизијата загуби пред своите навивачи во Брага во дирекната пресметка за првото место од Шпанија (0:1). Покрај Шпанија, на завршниот турнир идното лето ќе играат и победниците од групуте во А-дивизијата: Хрватска, Холандија и Италија.
Ваквиот исход го „извади од кожа“ капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо. Еден од најдобрите играчи на денешницата Роналдо не ги криеше фрустрациите од случувањата на теренот. Во неколку наврати не ја погоди противничката мрежа, па на крајот гневот го демонстрираше со фрлање на капитенската лента, поради што се најде на тапет кај медиумите во Португалија.
Ваков испад Роналдо направи и во Белград, кога му беше поништен погодок.