Ракометарите на ППД Загреб го добија натпреварот од третото коло против Порто со 29-23 (16-15). Хрватскиот тим одигра убедливо второ полувреме во кое го скрши отпорот на гостите и дојде до прв триумф во Лигаата на шампионите.
Мечот тргна изедначено, ама бргу загрепчани направија предност која до полувремето ја бранеа. Сепак, Порто беше тука некаде и по 30 минути имаше само гол негатива (16-15). И вториот дел тргна со игра гол за гол, а потоа Загреб успеа да се одлепи. Со добри мини-серии момците на Обрван направија исчекор кон победата која ја обезбедија на убедлив начин.
Најдобар играч во тимот на Хрватите беше Тимур Дибиров со десет реализации, а Кавчиќ даде шест. Македонскиот репрезентативец Никола Митревски меѓу стативите на Порто заврши со осум интервенции.
Во овој термин победа запиша и екипата на Веспрем против Динамо Букурешт со 33-30 (15-17).