Пред неколку дена еден од најголемите тениски ѕвезди Швајцарецот Роџер Федерер замина во играчка пензија. Се прости од активното играње тенис на Лејвер купот во Лондон на 41 годишна возраст.
И Србионот Новак Ѓоковиќ кој важи за еден од најдобрите тенисери во светот проговори за неговата кариера. Има 35 години, но не знае колку уште ќе игра.
-Во оваа фаза од мојата кариера не сакам да одам од турнир на турнир. Сакам да се фокусирам на најважните турнири. Морам да го сочувам своето тело и да имам долга кариера, изјави Ѓоковиќ.
Тој не знае кога ќе стави крај на кариерата.
-Не размислувам дали ќе играм една или десет години. Моето тело ме слуша и не гледам наскоро крај на мојата кариера. Ќе продолжам додека се чувствувам добро. Можам да се натпреварувам со помладите играчи, вели Ѓоковиќ.