Актерката Рис Витерспун на својот Инстаграм-профил сподели фотографија на која позира со својата ќерка Ава Филип, по повод одбележувањето на Националниот ден на ќерката.
„Се чувствувам среќна што ја имам мојата прекрасна, креативна, талентирана ќерка во мојот живот! Подарок е да го споделам ова животно патување со тебе, како и најдобрите совети за шминкање. Навистина е прекрасно да споделувате исти совети за убавина, меми за кучиња и иста големина на чевли. Сето тоа го прави животот многу забавен!“ напиша таа покрај фотографијата.
„Те сакам, мама“, одговори ќерката во коментар под објавата.
Повеќето од фановите напишаа дека дуото мајка-ќерка е идентично. „Копи-пејст“, „Која е која?“, „Која од вас е Рис?“, „Вие сте близначки“, „Како сестри“, „Доказ дека клонирањето е реално. Таа е ваша копија“, „Изгледа исто како и ти, преубави сте“, беа некои од коментарите.
Актерката често ја споредуваат со нејзината ќерка, но тоа не ѝ пречи.
„Ми се допаѓа да ме мешаат со неа затоа што тоа ме прави да се чувствувам младо“, изјави таа еднаш за „Инстајл“.
Покрај Ава, Рис има 18-годишен син со поранешниот сопруг Рајан Филип, и уште еден син (9) со холивудскиот могул Џим Тот.