Специјализираниот фудбалски портал за статистика „Whoscored“, за секоја група во Лигата на нации избра најдобар тим.
Македонија која настапи во 4 група од Ц дивизијата заврши како третопалсирана во конкуренција на Грузија, Бугарија и Гибралтар. Избраниците на селекторот Благоја Милевски го победија само составот на Гибралтар, па во идеалниот тим според просечните оценки кои ги добивале македонските репрезентативци за време на натпреварите во Лигата на нации се најдоа Енис Барди и Дарко Чурлинов. Напаѓачот Чурлинов ги пропушти последните два натпревари со Грузија и Бугарија поради повреда.
Бугарија исто така има двајца фудбалери, а доминира селекцијата на Грузија која го освои првото место, со седум играчи.