Еден од најголемите прилепски таленти, Филип Тодороски со два гола за три минути во завршницата од првиот дел (42. и 45-та минута) најави изненадување после раното водство на Колерејн по пет минути игра со гол на Патон.
Но, домаќините успеаа за седум минути во воведните 15 од вториот дел да направат пресврт и да го искористат моментот за да дојдат до победата, откако Кемпбел во 52-та и Ватон во 59-та погодија во мрежата на прилепчани.
Голманот на Колерејн во завршните десетина минути имаше три интервенции после удари на Поп Антоски, Нанчески и Аризанкоски, но не успеаа да дојдат барем до реми.
Од 2016 година кога првпат македонски младински првак почна да игра во младинската ЛШ, никогаш македонски клуб (еднаш Вардар и трипати Шкендија) не успеале да запишат победа во еден меч, а уште помалку да поминат воведно коло во групата на шампиони.
СИТЕ ДОСЕГАШНИ НАСТАПИ НА МЛАДИНСКИТЕ ПРВАЦИ
2016/17 – Вардар – Ред Бул Салцбург 0-8 (0-5, 0-3)
2017/18 – Шкендија – Нитра 1-2 (0-1, 1-1)
2019/20 – Шкендија – Динамо Киев 2-10 (0-8, 2-2)
2021/22 – Шкендија – Хајдук 1-5 (0-2, 1-3)