Македонската аматерска фудбалска репрезентација со пораз ги почна квалификациите во Регионалниот куп на УЕФА, откако попладнево загуби од селекцијата на Баварија со 2-0 (2-0).
Победникот на натпреварот беше одлучен по првото полувреме во кое германскиот тим поведе со 2-0 со головите на Винклер (13 минута) и Мајер (24).
Следен противник на избраниците на селекторот Жанко Савов во рамки на квалификациската група 5 ќе биде домаќинот, аматерскиот тим на регионот Лацио, на 2 октомври, додека во последното, трето, коло македонската селекција ќе игра против аматерскиот состав од Англија, Џерси, на 5 октомври.