Македонија по 14 години повторно ќе биде домаќин на Европско првенство во женска сениорска конкуренција.
Скопје и салата „Борис Трајковски“ ќе ги угости Франција, Холандија и Романија, кои се ривали на Македонија во првата рунда, а потоа и трите најдобри селекции од групата што се игра во Црна Гора.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, вели дека федерацијата и државата се подготвени за организацијата на големиот настан.
„Сите мераклии и љубители на ракоемтот, ќе имаат можност да им дадат поддршка на нашите ракометарките и ја повикувам македонската јавност во што поголем број да дојдат и да не бодрат. Во живо ќе имаат можност да ги видат најдобрите селкеци во Европа и ќе уживаат во ракометот. Ние се организираме уште од првиот ден и работиме околу програмите, плановите и активностите заедно со федерациите на Црна Гора и Словенија, за да се покажеме како организатор во најдобро светло. Сакам да се заблагодарам на Владата која се нафати да ги досреди градежните активности во СЦ „Борис Трајковски“. Ќе покажеме дека сме спремни да организираме еден врвен настан на високо ниво. Ќе има голема промоција, на Скопје, Македонија и македонскиот спорт и ќе биде добро сите заедно да застанеме и да се покажеме како добри домаќини“, изјави претседателот на РФМ.
Европското првенство стартува на 4 ноември и ќе се игра до 20 ноември, а Скопје и Македонија ќе бидат домаќини на една прелиминарна и една група од главната рунда.