Како што пренесуваат италијанските медиуми, Јувентус и Интер сакаат, во зимскиот преоден рок, да разменат играчи. Стефан де Фреј би дошол во Јувентус, додека Хуан Куадрадо би се пресели во Интер.
Договорите на Де Фрај и Квадрадо истекуваат на крајот од оваа сезона, што значи дека можат да заминат од Интер, односно Јуветус без оштета. Доколку размената се случи, Јувентус и Интер ќе можат малку да ги „испеглаат“ финансиските книги.
Квадрадо ќе замине од Јуве, тоа е сигурно, бидејќи го одби предлогот за намалување на платата. Прашање е само дали тоа ќе се случи за неколку месеци или на крајот од сезоната.
Двата клуба пријавија сериозни загуби во работењето за минатата сезона.