Еден од најдобрите гол-играчи на денешницата во фудбалскиот свет Норвежанецот Ерлинг Халанд сезонава ја почна во свој стил и во новата средина, англискиот шампион Манчестер сити.
-После тој натпревар (битката со Сити во ЛШ), мислам дека 15 луѓе ми пријдоа да ми кажат дека треба да дојдам кај нив. Стоунс, Рубен Диаш, Гундоган, Фоден, Де Брујне, -открива Ерлинг во документарецот „Халанд – голема одлука“.
Влијание врз одлукта имал и фактот што Пеп Гвардиола бил тренер на најдорбиот англиски состав.
-Никогаш не сум донел одлука за следниот клуб поради тренерот кој го води, но голем плус е што Пеп Гвардиола е во Сити, тој е најдобриот тренер во светот. Сити е најдобриот спортски проект во светот во моментов и тоа е местото каде што ќе можам да бидам најдобар -вели напаѓачот.
Неговиот татко, Алф Инге обелодени пак дека втора опција за Ерлинг бил Баерн Минхен по што следувале Реал Мадрид, ПСЖ…
-Мислам дека Манчестер сити беше најдобриот тим на нашата листа. Баерн е број два. На третото место е Реал, а по него е Пари Сен Жермен. Секако покрај Сити на списокот има уште неколку англиски тимови кои се доста добри – Ливерпул и Челси. Тука е и Барселона, сите се приближно по ист редослед -истакна постариот Норвежанец кој своевремено играше за клубот од „Еихад“.