Кичастиот текст и високиот вокал направија песната Barbie Girl („Барби грл“) на данската поп-танцова група „Аква“ да стане хит пред 25 години, кога за првпат беше објавена.
Оваа песна има преку милијарда прегледи на „Јутјуб“, што укажува на фактот дека е сè уште многу популарна, а потврда за ова е и новиот филм на Грета Гервиг, „Барби“.
Токму овој филм ја врати песната во фокусот, а фановите се прашуваа дали ќе биде дел од саундтракот. Одговорот е дека нема, што не е за изненадување бидејќи „Мател“ ја тужеше групата „Аква“ во 90-тите и загуби.
Лене Нистром смета дека користењето на песната Barbie Girl во филмот би било премногу неимагинативно, а Сорен Растед целата ситуација ја смета за забавна. „Треба да кажеме дека го одбивме тоа. Рајан Гослинг не е доволно добар“, изјави тој за „Вараети“.