Ковачевски дезертира и од средба за планот за излез од кризата, дезертира и од ТВ дуел

Неспособниот Димитар Ковачевски единствено го бива само да дезертира.
 
И покрај тоа што дезертирал и го избегнал служењето воен рок, сега дезертира бегајќи од средба за претседателот Мицкоски за Планот за излез од енергетската криза.
 
Исто така дезертерот Ковачевски беа и од ТВ дуел за енергетската и економска криза со претседателот Христијан Мицкоски.
 
Молк од клептоманската власт предводена од СДС и дезертерот Ковачевски за понудата која им беше предложена од страна на претседателот Мицкоски за излез од енергетската криза и заштедување на над 300 милиони евра на граѓаните.
 
Исплашен од соочување со фактите за катастрофалното справување со енергетската криза, дезертерот Ковачевски е скриен во глувчешка дупка и избегнува ТВ дуел транспаретно и одговрно да се соочи со аргументите.
 
Нека не се плаши дезертерот Ковачевски од соочување со аргументите, бидејќи тоа што анти македонската власт го предложи како пакет мерки за излез од кризата, не се мерки туку обична ПР алатка за пред граѓаните, демек нешто работат.
 
Во ова катастрофална состојба за државата и граѓаните, не се потребни поделби и омраза, потребен е дијалог и прифаќање на подадената рака за излез од оваа тешка состојба за државата.
 
Овој пат нека не дезертира Ковачевски и нека се соочи пред граѓаните. Дали мерките кои тие ги нудат се вистинки и од помош за граѓаните и стопанството.
Треба да знаете
Последни објави