Леонардо ди Каприо и Џиџи Хадид биле забележани во ист хотел во Париз, неколку недели откако се шпекулираше дека се во врска.
Хадид била забележана додека влегува во „Ројал Монсеу“ за време на престојот на модната недела во Париз околу 22 часот по локално време, а актерот веднаш потоа влегол во хотелот.
По речиси три часа, актерот е виден како го напушта луксузниот хотел околу еден часот по полноќ, а Џиџи заминала неколку моменти по него. Иако не се знае каде заминала Хадид, актерот остатокот од ноќта го поминал со пријателите во неколку ноќни клубови пред да се врати во својот хотел.
Иако двојката допрва треба да ја потврди врската, Леонардо се чини дека и се придружил на Хадид на нивното прво заедничко патување додека таа работи во странство.
Актерот неодамна раскина со аргентинската актерка Камила Мороне, а медиумите Леонардо и Џиџи ги забележаа заедно во ноќен клуб во Њујорк.