Отвореноста и транспарентноста е силната страна на Општина Аеродром и нејзината администрација. Токму поради тоа апелираме до опозициската СДСМ да дојдат и како конструктивна опозиција заеднички да дискутираме за најразвојниот буџет кој ќе се донесе за 2023 година. Да разговараме за најголемиот парк која ќе се направи на територија во Аеродром и за реконструкција на десетици училишта, градинки и улици. Така, а не со монтирани прес конференции се покажува грижа за граѓаните.
Држењето прес конференции, со истрошени флоскули и каде без дебата се разговара само со камерата се одраз на стравот и аматеризмот кој владее во редовите на оваа политичка партија. Стравот да се соочат со фактот дека Општина Аеродром интензивно се развива и аматеризмот, односно непознавање на процедурите за работа и законските прописи.
Единствен факт кој граѓаните го знаат е дека општината повторно станува место во кое се инвестира. Период од една година посветен на инвестиции, прогрес, развој и вложување во проекти за граѓаните кои пак го препознаваат и поддржуваат тоа.
Потенцираме дека Општина Аеродром и понатаму интензивно ќе вложува во проекти кои ќе бидат исклучително мотивирани од потребите на жителите на општината, а не од дневнополитичките и партиските интереси на било кој поединец или политичка партија. Задоволните граѓани се императив во нашата работа и токму поради тоа креираме политики кои се насочени кон остварување на таа цел.