Кошаркарките на Соединетите Американски Држави ја одбранија титулата светски првак, откако во денешното финале во Сиднеј ја совладаа Кина со 83-61.
За американските кошаркарки ова е 11. светска титула, а четврта во низа, до која дојдоа на убедлив начин со победи на сите осум натпревари.
Најубедлив беше триумфот во групната фаза против Јужна Кореја (145-69) со што САД постави нов светски рекорд според бројот на постигнати кошеви.
Со поразот во финалето, Кина, пак, го совои вториот сребрен медал на светските првенства, а во колекцијата има и една бронза.
Претходно во натпреварот за третото место, домаќинот на Светското првенство, Австралија, ја совлада Канада.