Времето вечерва е нестабилно на повеќе места во западна Македонија.
Како што информираат од УХМР, нестабилноста е поинтензивна во Кичевско.
Од југозапад кон Скопската Котлина навлегува нестабилна маса, која ќе предизвика пороен дожд и грмежи, поинтензивни во нејзиниот јужен и источен дел.
Нестабилното време во земјава ќе продолжи до околу полноќ, а потоа атмосферата постепено ќе се стабилизира и врнежите ќе престанат.