Петровска: Сојузничка поддршка од 78 милиони долари за модерна и напредна Армија

Во врска со сојузничката поддршка од САД во износ од 78 милиони долари, наменета за модернизација, опремување и унапредување на капацитетите на Армијата, во прилог ви испраќаме интегрален текст од видео изјава на министерката за одбрана Славјанка Петровска:

 

Партнерството меѓу Република Северна Македонија и САД не значи само политичка поддршка, значи и соработка и поддршка во градењето и унапредувањето на способностите и капацитетите на нашата Армија. Изминативе 30 години САД се нашиот стратешки партнер и сојузник во остварувањето на овие цели.

 

Ја добивме веста за  сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги достигнеме НАТО целите на способности и ќе ни овозможат уште поинтензивно да ги развиваме нашите капацитети – да се модернизираме, да се опремуваме, да имаме посилна сајбер одбрана. Модерна и напредна Армија.

 

Армијата нема време и во Армијата нема простор за деструкции и импровизации. Армијата и служи на државата и на сите граѓани.

 

Почитувани пријатели од САД,

благодарам што ги препознавате напредните и развојни процеси во Министерството за одбрана и Армијата и ги поддржувате и токму затоа и понатаму ќе продолжиме да ги споделуваме истите вредности, истите принципи: демократски свет, заснован на меѓународен поредок кој гарантира безбедност и меѓусебно почитување.

Треба да знаете
Последни објави