Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои златен медал на Г2 турнирот „Албанија опен”.
Георгиевски до златото дојде со две убедливи победи, во финалето го демолираше олимпиецот и медалист од Светското првенство Иван Трајковиќ од Словенија.
Покрај Георгиевски, медал во Тирана освои уште еден Македонец. Филип Додевски со две ефективни победи и исклучително тесен пораз во финалето од Сулејманов од Азербејџан дојде до сребрениот медал.