Прес-конференција, Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ
Владата предводена од СДСМ во пресрет на најтешката зима, со одговорни мерки и политики обезбедува стабилно и сигурно снабдување со храна, енергенси, електрична и топлинска енергија.
Граѓаните да бидат спокојни, ќе биде тешка зима, но криза за храна и основни продукти нема да има.
Го зголемуваме домашното производство на храна, со исклучително добрата регионална соработка се гаранатира дека нема да има недостиг на храна во земјата.
Обезбедени се средства, во претстојната зима да има доволно за сите потреби за енергенси и топлинска енергија.
На регулираниот пазар на електрична енергија, покрај домаќинствата и компаниите – мали потрошувачи, вклучени се и сите основни и средни училишта и здравствени институции, со што обезбедуваме непречена настава со физичко присуство и здравствени услуги за сите граѓани.
Над 600.000 домаќинствата плаќаат само 20% од потрошената електрична енергија. 80% е субвенција од државата.
Над 70.000 компании и други правни субјекти со годишен промет до два милиони евра добиваат субвенционира електрична енергија, три пати пониска од берзанската.
Одобрени се 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, за непречено снабдување на Град Скопје со парно греење во текот на претстојната зима.
Се водат преговори во регионот, за да се увезе електрична енергија по цена помала од берзанска, како и енергенси за производство на струја, за приватниот сектор.
Со ефикасни, навремени мерки се грижиме за сите подеднакво. За надминување на последиците од глобалната енергетска криза, им помагаме на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците.
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се посветени на тендери, провизии, пратиски вработувања.
Последно, се скараа за тендер од 136 милиони евра во Скопје и самите се фатија со рацете во медот.
Секаде каде што е ВМРО-ДПМНЕ локална власт се покачуваат локалните комунални услуги, на штета на граѓаните.
Дополнително го блокира македонското Собрание во време на криза, што е крјано неодговорно.
Го повикуваме Мицкоски да ја прекине блокадата на македонското Собрание, да ги поддржи законите во интерес на граѓаните, како Законот за градење и уште 50 други закони кои се закочени од ВМРО-ДПМНЕ.