Славчо Поповски: Во следниот период ќе имаме стабилно, суво и сончево време

Во следиот период не очекуваме некоја сериозна појава на невреме или на интензивни врнежи вели Славчо Поповски за 24 инфо.

Значи времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак треба да се напомене дека ќе го имаме ветерот од северен и од северозападен правец и истиот локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Услови за локален повремен дожд ќе има само утре и тоа порди позначителната облачност која ќе ја имаме.

Температурите ќе бидат нешто пониски и тоа порди влијанието на посвежата воздушна маса од север и истите во следниот период ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Наутро ќе биде релативно студено со утрински температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степени.

Треба да знаете
Последни објави