Српската полициска управа преку своите партнерски служби добила потврда дека убиеното лице во Панама не е Радоје Звицер, лидерот на озлогласениот „Кавачки клан“.
-Полициските информации, според сознанијата на порталот Стандард, укажуваат дека убиениот во централноамериканската држава Панама физички не личи на шефот на кавачкиот клан, Радоје Звицер, пишува српски „Блиц“.
Потсетуваме, пред два дена медиумите објавија информација дека лидерот на „Кавачкиот клан“ Радоје Звицер е убиен во пукотница во вила во Панама.
Звицер беше еден од највлијателните луѓе на балканското подземје. Беше поврзуван со бројни убиства, продажба на дрога и други кривични дела.
Се верува и дека тој стои зад ликвидацијата на шефовите на „Шкаљарскиот клан“, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина.