Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за ТВ21 посочи дека во наредните пет години се очекува да биде завршен не само автопатот Скопје – Охрид, туку целиот Коридор 8.
„Динамиката е дека во наредните пет години, почнувајќи од 2023 година, доколку влезе компанијата да работи на терен, во наредните пет години целиот Коридор 8 од Скопје, не до Охрид туку до Ќафасан, до границата со Албанија ќе имаме нови модерни делници кои ќе поминуваат можеби преку еден од најтешките терени на целиот балкански полуостров“, вели Бочварски.
Тој додава дека целосно нова траса ќе има од Гостивар до Кичево, додека пак од Гостивар до Тетово се разгледуваат варијантите.