Изјава за медиуми, Бојан Петрески, ОО СДСМ Кисела Вода
Како партија со конкретни дела и видливи проекти покажуваме дека се грижиме и работиме во интерес на граѓаните.
Во Општина Кисела Вода целосно е изградена нова градинка „Пеперутка 3″ во населба Драчево на вкупна површина од 600 метри квадратни и со капацитет од 120 дечиња.
Оваа градинка која е започната и целосно изградена од претходната локална власт во Општина Кисела Вода заедно со централната власт, обезбедува високи нормативи на просторните услови за престој на дечињата прилагодени на нивната возраст, како и имплементација на современи методи за предучилишно образование кои овозможуваат правилен детски развој и реализација на концептот – учење преку игра.
За жал, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски бидејќи изминува веќе 1 година од неговиот мандат, а нема започнато, ни реализирано, ниту еден сопствен проект пробува да се кити со туѓи перја и да се фали со проекти на претходната локална власт.
Го потсетуваме Орце Ѓорѓиевски дека на последните избори тој ја доби довербата од граѓаните да спроведува и реализира проекти кои тој ги вети во сопствената програма, а не да промовира проекти од претходната локална власт и централната власт.