Ние, претседателите од Централна и Источна Европа, од земји чиишто лидери го посетуваа Киев за време на војната и лично беа сведоци на последиците од руската агресија, не можеме да молчиме пред фрапантното прекршување на меѓународното право од страна на Руската Федерација и во таа насока ја даваме следнава изјава:
Повторно ја изразуваме нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме руските обиди за анектирање на која било украинска територија.
Цврсто стоиме на одлуката од НАТО Самитот во 2008 година во Букурешт за членството на Украина во иднина.
Даваме целосна поддршка на Украина во својата одбрана од руската инвазија, бараме од Русија веднаш да се повлече од сите окупирани територии и ги охрабруваме сите сојузници значително да ја зголемат воената помош кон Украина.
Секој што ќе изврши чин на агресија мора да сноси одговорност и да биде изведен пред правдата.
Милош Земан, претседател на Чешката Република
Алар Карис, претседател на Република Естонија
Егилс Левиц, претседател на Република Латвија
Гитанас Науседа, претседател на Република Литванија
Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија
Мило Ѓукановиќ, претседател на Република Црна Гора
Анджеј Дуда, претседател на Република Полска
Клаус Јоханис, претседател на Романија
Зузана Чапутова, претседателка на Словачката Република