Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан на синоќешната средба во Истанбул со средба со шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак, вети непоколеблива поддршка на Вашингтон за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
– Тие разговараа за ситуацијата во украинската нуклеарна централа Запорожје и за континуираната работа на Украина со ОН за извоз на храна, изјави портпаролка на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон.
Јермак на Телеграм објави дека ја цени воената поддршка од САД и дека двете страни разговарале за натамошна воена помош.
Тој посочи дека „одлуката на Кремљ да ги признае референдумите одржани во привремено окупираните региони бара итна и соодветна реакција на светската заедница”.