По поразот на Интер од Рома следуваа огромни критики за Симоне Инзаги на кого му се предвидува отказ. Излегоа на виделина многу работи, а контроверзниот Паоло Ди Канио отвори нова тема.
Легендарниот фудбалер на Лацио и на Вест Хем вели дека владее хаос во соблекувалната на Интер.
„Не се поднесуваат, нема емпатија, а ми се чини дека гледаат само на индивидуалните настапи и како да си го спасат угледот. Тоа се многу важни работи, а Интер во основа не може да биде толку лош за да собере четири порази во Серија А“, истакна Ди Канио.