Македонската футсал репрезентацијата на крајот на оваа седмица ги почнува европските квалификации за пласман на Светското првенство 2024 година против селекциите на Италија и Шведска во рамки на Групата 10.
Првиот натпревар избраниците на селекторот Васко Скендеровски ќе го играат на гостински терен против Шведска в петок во Алингсас со почеток во 17 часот, а пет денови подоцна во Скопје ќе ја пречекаат Италија. Натпреварот Македонија – Италија ќе се одигра во спортскиот центар „Јане Сандански” со почеток во 19 часот.
Селекторот Скендеровски за двата претстојни квалификации натпревари повика 13 фудбалери:
Голмани: Иван Стојановски (Арбен Бајрами), Антонио Петровски (Проект);
Фудбалери: Зоран Левевски (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Иван Крстевски (Врање, Србија), Цека Исмет (Шкупи), Игор Леовски (Мимел-луценец, Словачка), Дарко Ранготов (Проект), Драган Петровиќ (Врање, Србија), Јакуп Рамадани (Лигени), Даниел Марињо Де Соуза (Лозница, Србија), Џокица Арсовски (Хохенштајн Ернштал, Германија), Еркан Сефери (Шкупи).