Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски, одбележа 300 одигран натпревар во својата кариера. Натпреварот што го одигра Трајковски за својот клуб Ал Фехја, против Ал Шабаб (1:2), беше 300.
Трајковски, пред Ал Фехја го носеше дресот на Цементарница, Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка и Олборг.
Александар Трајковски за Македонија одиграл 81 натпревар и постигнал 20 голови.