Откако Лионел Меси си замина од Барселона, навивачите на Блауграна посакуваат негово враќање, а според последните информации од Аргентина, нивните желби наскоро би можеле да се остварат.
Имено, Меси влезе во последната година од договорот со ПСЖ, а очигледно нема да потпише нов. Познатата спортска новинарка од Аргентина, Вероника Брунати, тврди дека Меси се враќа на местото каде што ги живеел најславните денови, а од 1 јули и официјално ќе биде играч на Барселона.
Треба да се напомене дека Вероника и Меси се познаваат долги години и дека досега направиле голем број интервјуа, па Шпанците сметаат дека гореспоменатото треба да биде многу сигурен извор.
Тоа значи и дека Меси би можел да игра уште неколку сезони, бидејќи веќе е познато дека има намера кариерата да заврши во Њуелс Олд Бојс, каде како момче ги направи првите фудбалски чекори.
Во неговите 16 години во Барселона, Меси освои се што можеше, постигнувајќи неверојатни 672 гола во 778 одиграни натпревари. Освои четири ЛШ и дури шест Златни топки, додека седмата ја освои како играч на ПСЖ.
1 de julio de 2023, Lionel #Messi será jugador del Barça.
— Veronica Brunati (@verobrunati) October 4, 2022