Германскиот шампион Баерн Минхен запиша трета победа во групната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва беше подобар од Викторија Плзен со 5-0.
Прашањето за победникот беше решено уште во првото полувреме бидејќи Баварците доминираа од првата минута, а во период од седмата до 21. минута постигнаа дури три гола. Најпрво во листата на стрелци се запиша Лирој Сане, по што мрежата на гостите ја затресе Серж Гнабри, а за 3-0 стрелаше Садио Мане.
Иако гостинскиот состав немаше што да загуби во второто полувреме и тргна по почесен погодок, сепак на крајот мораше да ја вади топката од својата мрежа уште двапати, и тоа најпрво во 51. минута кога Сане го постигна својот втор гол на натпреварот, а победата ја потврди Ерик Максим Чупо-Мотинг во 59. минута.
Баерн Минхен по три гола е прв во групата Ц со девет бодови, а по него следат Барселона и Интер со по три бода и на дното е Викторија Плзен без бодови.
Во вториот натпревар кој се игра од 19 часот Олимпик Марсеј води со 3:1 против Спортинг.