Сер Ринго Стар откажа пет концерти во рамки на неговата турнеја во Северна Америка откако доби позитивен резултат на тестот за Ковид-19.
Поранешниот тапанар на „Битлси“, кој има 82 години, имаше низа настапи во САД и Канада со својот „Ол-стар“ бенд пред да се разболи изминатиов викенд.
По откажувањето на два настапи во последен момент, денес е потврдено дека Ринго има Ковид и турнејата ќе биде ставена на чекање, изјави неговиот портпарол во понеделникот.
Ринго закрепнува дома и се надева дека наскоро ќе ги продолжи настапите.
„Ќе ги информираме фановите за какви било дополнителни вести или промени“, изјави неговиот портпарол за „Би-би-си“.
Ѕвездата овој јули го прослави својот 82. роденден