За тоа се зборуваше долго време, сега веќе нема дилема. Дејан Станковиќ во преостанатиот дел од сезоната од клупата ќе го води тимот на Сампдорија во Серија А .
Се водеа преговори меѓу двете страни и беше постигнат договор и се чека само потпишувањето на договорот, пренесува познатиот трансфер мајстор Фабрицио Романо.
Овој 44-годишен стручњак ќе го замени Марко Џампаоло на клупата на клубот од стадионот „Луиџи Ферарис“. Соработката ќе биде потпишана до 2023 година, со опција за продолжување на уште една сезона.
Познатиот италијански весник „Коријере дело спорт“ пренесува дека денеска сопственикот на Сампдорија, филмскиот продуцент Масимо Фереро отпатувал во Милано на средба со Станковиќ.
На Станковиќ му претстои тешка работа бидејќи тимот од Џенова по осум кола има само два бода и е заглавен на дното на табелата.
Доскорашниот тренер на Црвена Ѕвезда би требало да дебитира в сабота против Болоња на „Ренато Дел’Ари“.
Станковиќ даде отказ во Ѕвезда по неуспехот во квалификаиите за Лигата на шампиони, а се поврзуваше и со трансфер во Интер на местото на Симоне Инзаги, на кого му „виси“ тренерското место.
Dejan Stanković, set to be appointed as new Sampdoria head coach. Full agreement in place, just waiting to sign the contracts. ???????????? #SerieA
Stanković will replace Giampaolo as new manager. pic.twitter.com/6yImS8wy8F
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 4, 2022