Словенечкиот фудбалски репрезентативец Јосип Иличиќ се врати на домашната сцена каде потпиша договор со Марибор. Тој на крајот на август се раздели со италијанскиот калчолигаш Аталанта откако помина пет години во клубот од Бергамо. На крајот од престојот имаше многу проблеми надвор од теренот и сè помалку беше дел од стартниот тим. Иличиќ со својот поранешен клуб Марибор потпиша догворо до 2025 година. Ќе го носи бројот „72“. Напаѓачот, кој има 34 години, а покрај Марибор и Аталанта настапуваше и за Фиорентина и за Палермо.