Македонскиот ракометен суперлигаш Еурофарм Пелистер во вториот барабан ќе ја чека ждрепката за составот на групите од ЕХФ Лига Европа. Ждрепката е закажана за утре во 11:00 часот, а натпреварувањето во групниот сегмент почнува на 25 октомври.
Со битолчани во групата се уште и екипите на Кадетен Шафхаузен, Гранољерс и Иштад.
Составот на другите шешири е:
Шешир 1: Бенфика, Фуксе Берлин, Екс Прованс, Скјерн
Шешир 3: Мотор Запорожје, Татран Прешов, Валур, Балатонфуреди
Шешир 4: Флензбург, Гепинген, Спортинг, Бидасоа
Шешир 5: Монпелје, Бенидорм, Веспрем КФТ, Скандерборг Архус
Шешир 6: Нексе Нашице, Алпла Хард, Ференцварош, Агуаш Сантас