Македонскиот претставник во младинската фудбалска Лига на шампионите, прилепска Победа попладнево (14 часот) на теренот од СЦ „Петар Милошевски“ крај ФФМ го игра реваншот од првата квалификациска рунда против Колерејн од Северна Ирска, тим кој првиот меч го доби со 3:2. Токму на овој натпревар Победа покажа дека има квалитет за да го елиминира гостинот од С.Ирска и да обезбеди пласман во втората рунда.
Избраниците на тренерот Мирчески се максимално мотивирани за триумф, а имаат поддршка и од неколку фудбалери од сениорскиот погон, меѓу кои и двојниот стрелец од првиот меч, Филип Тодороски.
Прилепските надежи по лошите изданија без ниту еден триумф на скопски Вардар, и трипати тетовска Шкендија, имаат реална шанса да ја обезбедат првата победа за еден македонски тим во ова натпреаврување и да станат првите кои го минале првото коло во младинската ЛШ. Во С Ирска, Победа имаше водство на полувреме, но пресудија лошите 15-минути на почетокот од вториот дел кога и го загубија мечот.