Ѓоковиќ преку Хачанов до полуфинале со Медведев во Астана

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ обезбеди место меѓу четирите најдобри на АТП турнирот во Астана кој е од серијата 500.

Новак наиде на силен отпор од Карен Хачанов, но успеа со 6:4, 6:3 да обебеди место во полуфиналето во кое за ривал ќе го имал Данил Медведев кој денеска му одржа лекција на Роберто Баутиста-Агит, играч кој традиционално е незгоден за него.

Ѓоковиќ го заокружи овој триумф во стил и тоа со ас, па сега ќе може да се фокусира на новиот предизвик против Медведев, играч против кого нема играно во оваа календарска година.

Во другото полуфинале силите ќе ги одмерат Стефанос Циципас и Андреј Рубљов.

Треба да знаете
Последни објави