Вчера американските медиуми објавија за тепачка на тренингот на Голден Стејт во која учествувале Дрејмонд Грин и Џордан Пул.
Сега на социјалните мрежи се појави и видео од инцидентот. На снимката може да се види дека иницијаторот на физичкиот контакт е Грин, тој му приоѓа на Пул, а потоа со еден удар го „нокаутира“ својот соиграч во редовите на актуелниот НБА шампион.
Грин се извини за инцидентот, ќе добие казна, санкција за потегот, ама ова ќе биде решено внатре во организацијата.
-Овие работи се случуваат. Никому не му се допаѓа, ние не го одобруваме, но се случува. Дрејмонд му се извини на тимот. Џордан беше таму во собата. … Што се однесува до секоја суспензија, казна, парична казна, ние ќе се справиме со тоа внатрешно, -порача генералниот менаџер на „воините“ Боб Мајерс.
Draymond’s punch on Jordan Poole pic.twitter.com/lsvlCUwZcC
— NBACentral (@TheNBACentral) October 7, 2022