Меси: Не сакам да бидам тренер, ама така велеше и Зидан

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Аргентинецот Лионел Меси се произнесе дека не сака да биде тренер по завршувањето на играчката кариера. Аргентискиот ас, кој има 35 години и веќе почнува да размислува за завршување со играњето во интервју соопшти дека претстојното Светско првенство во Катар ќе биде неговиот последен мундијал во кариерата.  Каква улога ќе одбере во новата фудбалска приказна Аргентинецот сепак не е на чисто. Тој не  ја исклучи во целост тренерската улога и за пример го посочи Зинедин Зидан, кој како тренер постигна врвни резултати.                                                                                                                                -Не сакам да бидам тренер, не размислувам за таа опција. Сепак и Зидан тоа го кажа па потоа, не само што стана тренер туку трипати ја освои Лигата на шампиони. Повеќе сакам да бидам во спортскиот менаџментот, да го градам тимот, да му помагам на тренерот, но се уште не сум одлучил што ќе работам кога ќе престанам да играм фудбал, истакна Меси.

Треба да знаете
Последни објави